УСЛУГИ:

 

 

  • Фурнирање на медијапан плочки и иверици по стандарди и нарачки,
  • Кроење, сечење, спојување, шиење и лепење на фурнирите по стандардите и нарачките,
  • Изградување вратни крила по стандардните димензии и по нарачка,
  • Услуга на лепење со висококвалитетен лепак за фурнир од германска технологија.

 

Претходните деловни години салата е опремена со машини за фурнирање на плочки, со што се отвори нова можност за зголемување и развој на производството, а со самото тоа и присуство на нови производи на нашиот пазар.

 

Кроењето и спојувањето на фурнирите по димензиите и потребите на купувачите, се прави по нарачка. За наведените услуги се користат три машини со најновата технологија за спојување на конците и една машина за топло спојување, како и два ножеви од најновата технлогоја со современи макази со прецизни истовремени паралени резови.

 

За да се прилагодиме на новите потреби и предизвици на пазарите, ги опремивме производствените погони со најмодерните машини од реномиран германски производител. Во скора иднина очекуваме зголемување на интересот за нашите производи и услуги.

 

Контактирајте не за сите информации за поединечните производи, решенија и услуги!